Насловна / Арт и дизајн / Boeing продава мебел направен од стари делови на авиони

Boeing продава мебел направен од стари делови на авиони

Компанијата Boeing започна со продажба на мебел кој е изработен од стари делови на авиони. Во продавницата Luxury Aviation Furniture има различен мебел, а цените се движат од  5.500 до 19.500 УСД. Најскапо е седиштето F-Phantom Ejection Seat, кое било дел од борбениот авион   McDonnell F-4 Phantom II. F-4 бил еден од најсестраните авиони ловци во историјата, Достигнувал брзина два пати поголема од брзината на звукот, и бил најбрзиот авион на американската морнарица со најголем домет и најголема достигната височина. Boeing store нуди и високи столови направени од делови од мотор, како и ниски столови дизајнирани од труповите на  Boeing 727. Има и полици за вино и масички изработени од пропелери на мотори, како и часовници изработени од показните инструменти за гориво.

boeingfurn1

boeingfurn2

boeingfurn4

boeingfurn5

boeingfurn6

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top