Насловна / Вести / BMW во проект за супербрзи станици за полнење на електрични автомобили

BMW во проект за супербрзи станици за полнење на електрични автомобили

Холандската развојна компанија Alfen ќе испорача интегриран систем за складирање на енергија кој оозможува брзо полнење на електрични возила од германскиот производител BMW. Системот со моќност од 1,1 MW ќе биде поставен во склоп на испитните погони на BMW во Минхен, и ќе вклучува ултрабрз систем за полнење. Системот с ебазира на примена на  34 батерии кои се користат во возилата  BMW i3  и овозможува најголема можна расположива моќност за полнење на возилата, независно од моќноста на локалната електроенергетска мрежа. Покрај тоа, со договорот е предвидено Alfen да ги користи батериите на BMW и за други свои проекти за складирање на енергија.

Alfen 1

Испрати коментар

Scroll To Top