Германскиот производител на автомобили BMW, објави дека планира значително да го намали јаглеродниот отпечаток на своите алуминиумски компоненти. Имено, алуминиумот сочинува една четвртина од емисиите на јаглерод диоксид (CO2) во синџирот на снабдување за електричните возила од средна големина, а на BMW му се потребни околу 600.000 тони алуминиум секоја година.
Фабриката во Спартанбург во САД, од идната година ќе добива повеќе од 10% од алуминиумот од Канада, кој е произведен на одржлив начин. Во споредба со конвенционално произведениот алуминиум, ова производство генерира околу 70% помалку емисии на CO2. Новата технолошка постапка на топење на металот „ги елиминира сите емисии на CO2 поврзани со процесот на користење на аноди без јаглерод“, објавил BMW.