Баварскиот премиум производител на автомобили ја повикал германската влада да гласа против воведувањето на нови тарифи на електричните автомобили произведени во кина. Шефот на BMW тврди дека овие тарифи ќе создадат трговски спор во кој нема да има победник. Така овој бренд се придружува на Volkswagen и Mercedes-Benz, кои исто така се изјаснуваат против воведувањеето на нови давачки.
Конечните стапки на новите тарифи за кинеските електрични автомобили ќе бидат изгласани на 4-ти октомври. Ако бидат воведени, некои електрични автомобили произведени во Кина ќе се соочат со царини до 45% пр увозот во Европа. Има информации дека Германија ќе гласа воздржано, а владата во Берлина очекува и други земји членки исто така да бидат воздржани по ова прашање.