Германскиот автомобилски гигант „БМВ“ во понеделник ќе го запре производството во Кина и Јужноафриканската Република, како и во Германија заради доцнење во испораката на делови од Италија.
Во прашање е производство на два модела на автомобили во фабриката во Лајпциг, објави во недела портпаролот на компанијата.
Компанијата работи на решавање на проблемот и се надева дека снабдувањето ќе биде нормализирано веќе во вторник.