Насловна / Вести / Блумберг: Извозот на нафта од руските пристаништа на највисоко ниво од почетокот на годината

Блумберг: Извозот на нафта од руските пристаништа на највисоко ниво од почетокот на годината

Рускиот извоз на сурова нафта не покажува знаци на опаѓање поради загубата на европски клиенти. Испораките повторно скокнаа минатата недела, втора недела по ред, откако паднаа по почетокот на воената операција во Украина.

IMG_20220412_185137_836 (1)_resize

Неделните испораки на сурова нафта достигнаа речиси четири милиони барели дневно во првата недела од април, објави Блумберг, повикувајќи се на својот систем за следење на испораките на сирова нафта од пристаништата. Ова е највисоко ниво на испораки на сирова нафта од руските пристаништа од почетокот на годината и пораст од речиси една четвртина во однос на неделата претходно.

oil_resize

Сличен тренд на раст е забележан и кај приходите од извоз што руската држава ги добива од испораки во странство. Во првата недела од април тие повторно скокнаа и го изедначија највисокото ниво годинава.

„Со комбинација со поголем извоз и повисоки даноци по барел во април, Москва заработи околу 230 милиони долари од поморскиот извоз на сирова нафта во првата недела од април“, пресметал Блумберг.

Испрати коментар

Scroll To Top