Компанијата Blue Origin испрати шетсмина туристи во вселенатата, а комплетната мисија минала без проблеми. Лансирањето на ракетата New Shepard во склоп на мисијата NS-22, реализирано е од вселенскиот центар во Тексас. Ова беше шести лет со екипаж, и четврти во кој екипажот се состои од шест членови. Тие биле сместени во капсулата RSS First Step со шест прозорци, во која го доживеале ова искуство.

New Shepard успешно се спуштил на Земјата по завршувањето на мисијата. Членовите на екипажот веднаш биле пречекани од тимот за извлекување, а подоцна и нивните семејства. Новата ракета на Blue Origin, New Glenn ќе дебитира оваа година.