Екипаж составен од шест жени, стигна до работ на вселената во ракетата Blue Origin. Меѓу членовите на екипажот била и поп пејачката Katy Perry. На летот била и вереницата на сопственикот на компанијата, Lauren Sanchez, ТВ водителката Gayle King, продуцентката Kerianne Flynn, поранешен научник на NASA, Aisha Bowe како и Amanda Nguyen, основач на организација за борба против сексуално насилство.
Компанијата не ја објавила јавно цената на патувањето. Ваквите летови траат десетина минути, но овој е прв со целосно женски екипаж. Воедно, тоа е и 11-та суборбитална операција на Blue Origin, компанија која неколку години пружа услуги во областа на вселенскиот туризам. Со овие летови, компанијата сака да го задржи вниманието пред своите ривали. Најголем конкурент и е Virgin Galactic, кој нуди слични „излети“, но крајната цел на Blue Origin е да ги однесе туристите вон орбитата, каде директна конкуренција има во SpaceX.