Руските нафтени компании во неделите по наметнувањето на ограничувањата на цените заработија многу повеќе пари отколку што првично се мислеше, изјави група експерти за Bloomberg.
Новото истражување на Bloomberg го оспорува тврдењето дека ценовните ограничувања успешно го намалуваат приходот на Москва.
Руската нафта, четири недели по воведувањето на ограничувањата, достигна просечна цена од 74 долари за барел, покажуваат пресметките на експертите од Институтот за меѓународни финансии на Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Калифорнија.
Цената беше за околу четвртина над прагот од 60 долари за барел кој Г7 го наметна во декември 2022 година. Нивната работа се заснова на анализа на податоци на ниво на царински фактури четири недели по воведувањето на ограничувањата.