Насловна / Архитектура / Блокирана изградбата на Нобеловиот центар во Стокхолм

Блокирана изградбата на Нобеловиот центар во Стокхолм

Шведскиот суд ја стопираше изградбата на проектот на бирото David Chipperfield Architects за Нобеловиот центар во Стокхолм.
Објектот е победник на меѓународен архитектонски конкурс од 2014 година, избран едногласно од жирито. Тогаш архитектите изјавија „Новиот Нобелов центар не служи само како амбиент каде што прекрасното минато на оваа престижна награда се спојува на едно место; туку и како основа за нова ера, во која достигнувањата и идеалите на Нобеловата награда ќе станат активен и жив извор на инспирација за генерациите што доаѓаат“.

7
Победничкото решение послужи како основа за нов локален план, кој градот Стокхолм после две јавни консултации го одобри во април 2016 година. Зградата е значително намалена во висина и должина во однос на првичното решение, но оригиналниот изглед се задржа.
Зградата е лоцирана на полуостровот Blasieholmen во центарот на Стокхолм, веднаш до Шведскиот национален музеј. Во најтесното градско јадро, предвидана беше изградба на објект со златна фасада на самата обала. Но изгледа вакво радикално и храбро решение не им се допаднало на судиите.

2

Планот за изградба на новиот културен центар и дом на институцијата за доделување на Нобеловата награда е во голем проблем. Шведскиот суд со својата одлука ја сопере изградбата на објектот вреден 100 милиони евра, образложувајќи дека објектот ќе направи голема штета на градската обала.

3
Челниците на бирото David Chipperfield Architects, останаа затечени по одлуката на судот. „Се разбира дека не се надевавме на ваква пресуда и многу сме разочарани“ се наведува во нивното соопштение.

5
Конечната судбина на овој објект ќе се знае по жалбата која Градот Сокхолм, кој е нарачател на објектот ќе ја поднесе на ова решение. Доколку одговорот по жалбата биде негативен, проектот за Нобеловиот центар ќе биде вратен на почеток.

6

1

4

8

9

Испрати коментар

Scroll To Top