Незадоволни граѓани од зградите кај Универзална сала кои немаат каде да ги паркираат своите автомобили денеска ќе го блокираат булеварот „Партизански одреди“. Блокадата ќе трае од 15 до 17 часот.
Граѓаните останале без место за паркирање поради градежни работи, односно поради реконструкција на тротоарите на конкретната локација, жителите на околните згради биле приморани да ги преместат своите автомобили од местата каде обично ги паркираат.
На повикот залепен на влезовите на зградите стои порака дека градските и општинските власти биле обврзани претходно да им обезбедат паркинг простор за време на градежните активности.