Насловна / Градежништво / БЛОК А – добар пример на современата станбена градба во Белград

БЛОК А – добар пример на современата станбена градба во Белград

Во книгата „Разговор со студентите од архитектонските школи“ на Ле Корбизје, постои една реченица која, иако напишана во далечната 1942 година, може да биде применета во современото српско општество: „Изградбата на живеалишта е легитимен потфат на секоја новонастаната цивилизација (…).IMG_5919_exposure

Таа цел, меѓутоа, нема ништо заедничко со изградбата на станови каква што денес се практикува и која претставува груб компромис помеѓу актерите на моќта заинтересирани исклучиво за пари. Профитот, конкуренцијата, брзината – сè се тоа мотиви кои го понижија човековото достоинство, правејќи го роб и принудувајќи го да заборави на своето основно право на пристоен живот“.Ablok 3

Општеството во кое живееме е базирано на профит и тој податок не претставува новитет. Сепак, принципот на суштинска важност на профитот во текот на претходните две децении доведе до рушење, пред сè, на урбанистичките стандарди, па потоа и на архитектонските, што се одрази на типологијата и квалитетот на новоизградените станови.2

Белград, град со хроничен недостаток на станбен простор, после транзиционите промени во првата деценија на 21 век, го преплавија станбени објекти, главно од мали инвеститори, кои не ретко градеа неадекватни станови со типологии кои на некој подобар архитектонски факултет би биле недоволни за преодна оцена на студентот што тоа би го нацртал.Ablok 5

Од некогашниот таканаречен „белградски стан“, кој е развиен во Институтот за испитување на материјали, каде што тимови ги развиваа различните типологии на функционалните станбени единици по принципот на најмали можни станбени единици со најголеми можни просторни амбиенти во нив, се дојде до тоа, современите станови да не ги задоволуваат основните услови.Ablok 7

Простории со недоволна квадратура, неадекватен распоред на просториите, лошо искористен простор, сето тоа се многу присутни карактеристики во новоградбата. Покрај тоа, општеството или стучните служби, недоволно свесни за значењето на јавниот простор и придружните содржини, дозолија создавање на голем број станбени објекти на локации кои инфраструктурно не можат да ја следат новонастанатата ситуација. Недостатокот на јавен простор, зеленило, паркови, школи, градинки и други битни содржини, се само некои од карактеристиките што ги следат современите станбени текови во Белград.Ablok 10

Ниту Нов Белград, синоним за планска изградба, блоковска поделба на парцели каде, покрај различните станбени објекти во рамки на ист блок, се достапни и најважните содржини како школи, месни заедници, пошти, продавници, амбуланти, паркови и игралишта, не остана имун на новиот тренд. Како недовршен проект на новиот град, Нов Белград беше идеален за изградба на нови објекти во блокови и парцели кои беа неизградени со децении. Главно, тоа беа објекти со деловна намена, така што оваа белградска општина во последните десетина години е деловен центар на Србија.IMG_5930_exposure IMG_6861_exposure

Некогаш, утринските гужви беа кон центарот на градот, додека после работното време смерот на движење на автомобилите беше обратен. Сè до пред десетина години кога правецот на дневното движење на жителите е дијаметрално променет. Благодарение, пред сè, на одличната патна инфраструктура, парцелите во Нов Белград се пополнуваа во рекорден рок со нови објекти.IMG_6867_exposure

Недалеку од првиот голем современ трговски центар „Делта сити“, на аголот на големите прометни сообраќајници, улиците „Младински бригади“ и „Јуриј Гагарин“, никнува Блок А. Во прашање е голема инвестиција која веќе е во трета фаза, додека првата почна пред повеќе од две години, во март 2014 година. Првите две фази на градење беа успешно и на време завршени, и станарите живеат во новоизградените објекти. Овој блок се состои од станбени објекти од шест и седум катови, а во досегашните две фази се  изградени околу 530 станбени единици и 40 локали. Третата фаза подразбира изградба на станбени објекти од девет, 11 и 13 катови со околу 270 станови и 19 локали. Инвестицијата опфаќа и изградба на подземни гаражи, надземен паркинг и јавен зелен простор помеѓу објектите, односно комплетен урбанистичко-архитектонски проект на парцелата Блок А. Проектот е дело на белградското архитектонско биро „ЗАП“ кое го води Бојан Забуковец.Soba4Full

Изгледот на станбените објекти се одликува со комбинација на тула, фасадна облога во боја од дрво и боена фасада. Користејќи три основни елементи за фасада, објектите не изгледаат монотоно, а дополнителниот квалитет на изгледот на фасадата го чини и позицијата на клима уредите, кои не го расипуваат изгледот на фасадата, и алуминиумската столарија. Станбените единици од овој блок се со различни типологии, од станови со дворови во приземјето, еднособни станови, па се до петсобни станови и пентхауси. Некои од карактеристиките што придонесуваат за квалитетот на самата градба се и симпролит изолацијата, самовентилирачката фасада, санитаријата од висока класа и храстовиот паркет од прва класа. Одржувањето на комплексот, видео надзорот и ИП структурата го чинат составниот дел на овој станбено-деловен комплекс.Stan1 Soba8Full

Посматрајќи ги бројките, Блок А има четири фази, во тек е изградба на тетата фаза која ќе го промени сегашниот карактер на комплексот со нови, значително повисоки објекти од постоечките. Вкупно, комплексот Блок А, кога ќе биде завршен, ќе има околу 140.000 бруто квадрати, што го класифицира во редот на големите градежни инвестиции на денешен Белград. Квалитетот на овој проект се гледа, пред сè, во пристапот што се разликува од доминантниот, инвеститорскиот „гради евтино, гради брзо и продај што побргу“.

Блок А покажува дека во денешно време е можно да се изгради современ станбен блок кој ги задржува принципите на градба на блоковите во Нов Белград, приспособен на современите барања. Архитектонскиот израз на објектот е едноставен и чист, доволно динамичен поради употребата на различни материјали и бои. Објектите, веројатно, нема да ги има по архитектонските портали и учебниците за архитектура како епохално дело на современиот станбен објект во Србија, но претставуваат еден многу висок стандард на станбената изградба, под кој не би требало да се оди во иднина.

Еден од можните недостатоци на овој комплекс е близината на објектот, од неговата западна страна, со многу прометната улица „Омладинских бригада“. Најголем број на постоечките станбени единици во блоковите на Нов Белград, што се наоѓаат во близина на сообраќајници каква што е улицата „Омладинских бригада “, се оддалечени неколку десетина метри од самата улица со „тампон зона“ која често е сочинета од зелен појас, пешачки дел, паркинг и уште еден зелен појас. Токму со ваков урбанистички пристап, Нов Белград се разликува од поголемиот дел на станбени населби во Белград. Со тоа, пред сè, се создава звучна бариера, која во денешниот обем на содржините е повеќе од добредојдена.
Блок А претставува успешно урбанистичко-архитектонско решение на современиот станбен блок, кој со својот квалитет на проектирање и самата изработка достигна завидно ниво. Благодарение на големиот број околни содржини – трговски центри, градинки, школи, шеталишта и, пред сè, близината на сообраќајниците, овој станбен комплекс пружа еден квалитетен простор, чии станари ги имаат сите предуслови да остварат право на еден пристоен живот, она што им фалеше на француските градови во почетокот на четириесеттите години, како што пишуваше еден од најважните архитекти во историјата чии идеи ги користиме и денеска, сè она од кое несвесно сме се откажале кога профитот ги замени стандардите на станбената изградба во српското градителство, пред нешто повеќе од две децении.

 

Испрати коментар

Scroll To Top