Живеењето во мал стан може да се претвори во незаборавно добар амбиент. Но, со помош на светлите и свежи бои во малиот простор тоа е малку потешко, може да го преоптерети нашето око и да изгледа како изборот на боите да е случаен и несреќен.
Овој стан е компактен, шарен и удобен. Дизајниран од страна на архитектката Алена Фокина, овој стан од 28 м2 е конципиран да вдоми една млада, креативна и енергична девојка.
Станот се одликува со отворена основа каде се сместени сите потребни функции и намени кои се потребни за нормален и живот на корисничката, но истовремено овој ентериер е и креативен и целосно пријатен за живот.
Комбинацијата на бои, материјали и текстури е доведена до совршенство, па така целокупниот впечаток за станот е прекрасен.