Насловна / Вести / Благосостојба – прашање кое се oстава за крај

Благосостојба – прашање кое се oстава за крај

Во современи услови, менаџмент тимовите на лидерските компании во светот се судираат со реалноста, дека човечкиот потенцијал е најскапиот капитал на компаниите. Да се дојде до тие сознанија помага и истражувањето спроведено од GALLUP, кое покажува дека само една третина од вработените се високо ангажирани на своите работни места, додека две третини  едноставно чекаат работното време да помине. Третината од вработените се отворени за соработка бидејќи се комуникативни, креативни и флексибилни, и најмогу се ценети.IMG_3662

Лидерите сфаќаат дека за да го поттикнат ангажманот, треба да се фокусираат на благосостојбата на вработените. Благосостојбата на луѓето на работното место денес е од есенцијално значење, кое место на пазарот една компанија ќе го заземе во следниот среднорочен (1-3-годишен) период. За полесно да осознаеме што значи благосостојба на работното место, потребно е да ја расчлениме на нејзините составни елементи:

  • Физичка благосостојба
  • Когнитивна благосостојба
  • Емоцијална благосостојба

ФИЗИЧКА БЛАГОСОСТОЈБА

Во блиското минатото, фокусот бил првенствено на ергономските/физичките потреби на вработените, поради долгиот временски период кој луѓето го поминувале во седечка позиција. Денес, движењето на луѓето во канцелариите во текот на работниот ден добива ново значење. Со имплементирање на новите технологии во секојдневната канцелариска работа се овозможува, а и неопходна е мобилност луѓето.SW_1_Lounge_s11_hi_3200_2400_90

Ангажирањето на телото при секое движење е од суштинско значење за физичката и менталната енергија на работното место. Истрaжувањата на институтот Gallup, покажуваат дека 96% од високо ангажираните работници имаат можност слободно да се движат и да ја менуваат својата работна позиција во текот на денот.

КОГНИТИВНА  БЛАГОСОСТОЈБА

Административната работата денес е напорна, подеднакво од физички и ментален аспект. Повеќе од кога било во историјата, до нас секоја секунда, дали од претпоставените или пак од соверемните медиуми за комуникации (компјутери, таблети, телефони…), доаѓаат милиони бајти информации, а нашиот мозок е дизајниран да обработи само 40 бајти. За тоа со каков квалитет ќе ја завршувате вашата работа, пресудено е за кои 40 бајти ќе одлучите да ги обработите во следната секунда.Picture3

Во една таква констелација на односи направена е глобалната студија на Gallup за благосостојба, која ја истражува моќната конекција тело-ум, што ќе рече ангажираноста на поединецот во модерниот офис. Истражувањето на Gallup покажува дека неангжираните вработени не се македонски изум. Глобалното истражување ја соголува вистината, дека и најголемите светски корпорации се судираат со проблемот дека физичките тела на вработените се присутни во канцелириите, но не и нивниот ум, срце и дух. Алармирачки е тоа што повеќе од 2/3 од вработените во целиот свет едноставно чекаат работниот ден да заврши. Високо  неангажираните вработени (32 % до 39% од вкупниот број на вработени) не само што се непродуктивни, туку се и трујачи на работната околина, а поради физичката и менталната здравствена состојба која ја носат со себе предизвикуваат и дополнителен стрес кај останатите. Истото истражување покажува дека во Македонија ситуацијата буквално се преклопува со светскиот просек.102995578210.jpg - Copy

За да се подобри ангажманот, неопходно е на луѓето односно вработените во канцелариите да им се помогне да се справат со когнитивното преоптоварување на нивниот секојдневен живот, и да им се даде можност да се фокусираат или да најдат одмор во текот на денот. Првиот чекор да се постигне тоа е да се интервенира во архитектурата на деловните згради и дизајнирање на внатрешниот простор, респектирајќи ги сите промени кои ги носат современите технологии. Денес, архитектите и дизајнерите при екипирањето на работното место доаѓаат во прв план. Канцеларискиот простор треба да биде дизајниран на начин кој ќе им помогне на луѓето да го контролираат работното окружување, што ќе рече поединецот да може да влијае на него според дневната динамика на работата и неговиот личен дневен биоритам. Целта е да се намали стресот и да се покрене креативноста кај луѓето.1029555671892.jpg - Copy

ЕМОЦИОНАЛНА БЛАГОСОСТОЈБА

Истражувачите на глобалниот лидер во производство на канцелариски мебел Steelcase, неодамна фокусот го ставија на еден аспект на благосостојбата, за која на компаниите им е непријатно да разговараат – емоциите. Како луѓето се чувствуваат е од големо значење за нивното здравје, така и за нивната работа. А тоа пак зависи од тоа колку архитектите на деловните простори / дизајнерите се респектирани од менаџмент тимовите на компаниите при донесување на одлуките околу редизајнирање на постоечките или преселување во нови простории. Консалтингот што треба архитектите да го дадат на топ менаџментот во компаниите при овие одлуки, индиректно влијае каде една компанија ќе се позиционира на пазарот во следниот среднорочен период од една до три години. Овие консултации, пак, директно влијаат дали најталентираните луѓе ќе останат или ќе ја напуштат компанијата, како и тоа дали ќе се привлечат талентирани луѓе на новоотворените или испразнети работни места.40929248571.jpg - Copy

Невролозите независно осознале дека квалитетот и количината на социјалните интеракции имаат значително влијание врз благосостојбата на луѓето, односно во случајов на вработените. Во време кога работниот ден трае 10-12 часа на ден, бројот на социјалните интеракции вон работа е сведен на минимум. Затоа социјалните интеракции кои се случуваат во компаниите стануваат уште позначајни. Неопходно е компаниите да имаат еден или повеќе неформални простори каде ќе се случат доволен број на социјални интеракции. Компаниите што немаат соодветни дизајнери при средувањето на просторите, имаат сериозни проблеми како да пронајдат простор за work caffe кое во модерното време станува позначајно од работното место. Кога луѓето немаат доволно квалитетни интеракции, тие стануваат исклучени, со што се „потешки“ за соработка, за иновации, решавање на проблеми и транспарентност за промени.najnovi (1)

За да ја промениме моменталната ситуација, да постигнеме максимален ангажман на вработените и поддржување на благосостојбата, неоходно е да ги покренеме следните работи:

Оптимизам: будење на креативноста и иновацијата
Вработените имаат потреба да се чувствуваат самостојни на работа и да го сочуваат правото   да донесуваат одлуки каде и како ќе ја завршат работата. Самостојното работно место го поттикнува вработениот да експериментира, да се чувствува како дел од решението наместо  како дел од проблемот. Неопходно е работниците да почувствуваат дека ја контролираат околината/работното место, наместо чувството дека работното место ги контролира нив. На тој начин вработените реално го чувствуваат брендот што го претставуваат.IMG_3646 - Copy

Совесност: целосна поврзаност со брендот
Работниците имаат потреба од физички простор кој ќе им помогне да го менаџираат  секојдневниот стрес и менталната преоптовареност. Компаниите што им го овозможиле ова на своите вработени, за возврат добиваат лојаност.

Автентичност: вистинскиот „ти“
Луѓето имаат потреба од простор каде што можат да се чувствуваат како дел од организациската култура, задржувајќи ја персоналноста и личниот интегритет. Ако тоа се постигне, во меѓувреме спонтано ќе се разбуди нивната кративност за да ги изразат нивните сопствени идеи и вредности. Лидерите (менаџерите) ги поставуваат стратегиите и целите, додека индивидуализираните работни простори и социјалните средини олеснуваат тие да се спроведат на дело.IMG_3651 - Copy

Припадност: поврзување со другите
Како што работата станува сѐ помобилна и поглобална, така создавањето на чувство на припадност е поголем предизвик за компаниите од кога и да било порано. Со самото тоа, припадноста добива на уште поголемо значење. Лидерските компании стануваат свесни дека неопходно е нивните работни места да бидат мотив за луѓето да работат таму, олеснувајќи ја соработката помеѓу колегите и поврзувањето на луѓето со технологиите. Тие силно се трудат да создадат канцеларии кои лесно се приспособуваат на луѓето што 100% од своето време го поминуваат во канцелариите, како и на вработените кои поголем дел од работното време го поминуваат надвор од канцелариите.

Намера: смисла за цел
Кои пораки ги носат компаниите, дали ги прават исправните работи на исправен начин, може силно да влијае на нашата благосостојба. Работните места за коишто е потрошено време и ангажман од страна на менаџментот, да бидат креирани да им помогнат на луѓето да ги остварат своите и компаниските цели и задачи, можат да ја створат суштинската разлика во индивидуалната изведба, а со тоа да влијаат и на целокупните компаниски резултати.

120958392.jpg - Copy

Виталност: стани и почни
Покренувајќи го телото да биде во движење, ја покренуваме неопходната физичка и ментална енергија на работното место. Движењето е јазикот на идеите. И ако успеете на вработените да им овозможите да заземаат различни работни позиици во текот на работниот ден, ќе успеете да го стимулирате нивниот ум. Во исто време ќе постигнете да креирате една здрава канцелариска средина. А здравите средини ги поттикнуваат луѓето да создадат здрави навики како што се движењето, здравото хранење и вежбањето.IMG_3667

Благосостојбата е компаративна  предност во однос на конкуренцијата во денешниот бизнис свет. Всушност, за да се поттикне благосостојба на работните места, вработените треба да имаат избор и контрола. За да се случи тоа, неопходна им е помош од нивните лидери/менаџери на кои, пак, им е неопходен консалтинг од страна на архитектите. Ова е моментот што покажува колкаво е значењето на архитектите за иднината на целокупната македонска економија. Од едуцираноста и лидерските вештини на македонските архитектите, зависи во какви простори ќе работи македонската економија. Од тоа, пак, зависи каде ќе биде нашата економија во следните три до пет години. Доаѓаме до клучниот момент, зависи од комуникациските, преговарачките и продавчките знаења и вештини на архитектите многу повеќе отколку што самите се свесни.

Подготви: Венцо Горгиевски

 

Испрати коментар

Scroll To Top