Како контраст на традиционалната лондонска “mews” архитектура, окарактеризирана со цврсти бариери од тула со малечки прозорски отвори и минимално природно осветлување, дизајнот на објектот “Blackbox” е исполнет со светлина, но сепак го почитува контекстуалниот јазик на традиционалните „волумени – кутии“.
Симултано развиен како куќа и галериски простор, проектот говори за континуираната соработка на архитектонското студио Form_art Architects со различни артисти и галерии. Внатрешноста на волуменот е обвиена во експресивна обработка од фасадна тула, оставајќи го ентериерот да зрачи како бела „лебдечка“ кутија. Проектот за овој станбен објект ги осликува обичаите на сопствените креатори, како и нивната желба за истражување и развивање на нови идеи при проектирањето, целосната артистичка слобода како дизајнери и клиенти истовремено…