Насловна / Архитектура / Бјеловар 2050: Како ќе изгледа градот на иднината во Хрватска

Бјеловар 2050: Како ќе изгледа градот на иднината во Хрватска

Хрватскиот град Бјеловар забрзано се развива – со нови инвестиции се овозможува изградба на туристички, спортски, технолошки и едукативни комплекси, стадиони, инкубатори и капалишта. Во таков амбициозен залет, прашањето на студијата е насочено не само кон наредните години, туку и кон подалечната иднина – како ќе изгледа Бјеловар во 2050 година?

Архитектонско-урбанистичкиот одговор го замислил тимот на архитект Ален Жуниќ, основач на студиото „Албатрос“ и професор на Архитектонскиот факултет во Загреб. Покрај креативните предлози на ниво на град, тој и неговите колеги проектирале три клучни развојни зони, а понудле и целосна „линија“ што ќе го обедини Бјеловар во движење од север кон југ.

Хибриден комплекс на трговски центар со концертна сала

Град во град

Приоритетна зона за идниот развој на Бјеловар е опфатот на силоси (како  типичен brownfield, денес вон функција) кои можат да станат нов подцентар, современо срце на градот со сите потребни функции, како „град во град“ – нагласена густина на градба и изразена динамика.

Новиот предлог е концептуално проектиран преку креативна фузија на комерцијални, културно-општествени намени и домување, со додавање на голема гаража. Со пренамена и реконструкција на дел од комплексот и изградба на атрактивна современа архитектура, проектиран е спој на старо и ново.

Пренамена на некогашните силоси во мултиплекс кино со хотелско-деловен облакодер и јавни простори

Програмски се работи за хибрид каде во новопланираниот опфат културно – општествената намена е застапена со модерна концертна сала и првото бјеловарско мултиплекс кино, арт кино и театар за современ танц/глума, а како опции се понудени можност за сместување на музеј на современа уметност, музеј на бјеловарската индустрија и уметнички галерии и антикварници.

Пренамена и реконструкција на некогашниот индустриски комплекс со силоси

Бјеловарска градина: Три клучни фокуси

Сместена на крајниот север на градот, Бјеловарската градина во моментов претставува неискористена зелена зона која има потенцијал за уредување и пренамена во квалитетен градски „hot spot“.

Со новиот концептуален предлог наменски се замислени три клучни фокуси – едукација (arboretum, ботаничка градина), здравје (рекреација/спорт, пешачење) и екологија (одржливост на флората и фауната, намалување на емисиите на CO2…).

авиариум и видиковец во Бјеловарската градина

Во секој од споменатите сегменти, важна е улогата на природата, а целиот новопланиран опфат ги покрива сите наведени постулати на Новиот европски Баухаус, кој се залага секој проект да биде beautiful (архитектурата и урбанизмот на новата градина), sustainable (предлог на одржливи технологии сугерирани во решението) и inclusive (флексибилни програми, мултифункционалност, активирање на заедницата, собирање на младите и старите генерации…).

Планирани се и класични потезии на пошумениот предел со пешачки патеки, излетнички места, места за одмор и видиковци, како и бројни специфични атрактивни локации – ботаничка градина, стакленици или јапонска градина ќе овозможат едукација за растителниот свет, додека авиариум и инсектариум ќе овозможат увид во занимливостите на „малата“ фауна.

инсектариум во Бјеловарската градина

Од месара станува истражувачки кампус

Со отстранување на постоечката градба на месната индустрија Бјеловар, на југот од градот се отвора цела зона за креирање на нов подцентар насочен на иновативни технологии, истражувања и иновации, а би имал нагласок на развојот на роботиката и вештачката интелигенција, кои брзо ја преземаат доминацијата во технолошкиот сегмент.

Со проектот се понудени опции за системско уредување на идниот кампус, кој би опфаќал едукативни, истражувачко-лабораториски и станбени простори со екстензивн јавни површини кои би биле отворени за сите граѓани. Освен „лентовидни“ згради, оваа зона би придонела во визурата на градот со кластер облакодери од деловен, станбен и хотелски карактер.

Нов кампус за вештачка интелигенција и роботика

Бјеловар Line: Автопат за пешаци и велосипедисти

Под името Бјеловар Line се крие мегалинија што би ги поврзала крајните точки на градот на потег од 4,5 километри воздушно растојани, а би станаала еден вид „автопат“ за пешаци и велосипедисти и би минувала низ клучните развојни и тематски зони.

Развоен концепт на создавање на пешачко-велосипедска Бјеловар Line

Во поширока урбана слика, тоа значи дека посетителите и граѓаните би можеле да застанат кај идните и сегашните урбани подцентри кои овозможуваат работа, спорт и рекреација, домување, престој во природа, култура и општествени настани, објаснуваат загрепските архитекти.

Испрати коментар

Scroll To Top