Данскиот архитект Бјарк Ингелс го проектира новиот Национален театар на Албанија. Ингелс е оснивач и креативен партнер на меѓународно реномираната фирма Bjarke Ingels Group (BIG). Тој е првиот светски познат архитект кој ќе проектира јавен објект во Албанија. Театарот ќе се гради на парцела од 86.000 квадратни метри во центарот на Тирана, односно на плоштадот Скендербег на кој веќе се наоѓаат Народната опера и Народната уметничка галерија.
Новиот објект со форма на лептир машна ќе биде модерна противтежа на постоечките објекти, додека плоштадот ќе стане заокружена, оформена целина наменета исклучиво за пешаци.
Формата на објектот е настаната со подигање на центарот на волуменот, со што се создадени јавни, урбани џебови, пролази и поврзаност со двете страни на објектот. Овозможено е засолниште во средината, каде што посетителите можат да седат и да уживаат во отворени перформанси.
“Театарот се отвора од земја, создавајќи влез за публиката, како и за изведувачите”, изјави Ингелс. Две големи скалишта водат до влезното фоаје од каде посетителите можат да продолжат понатаму до главната сцена, помалите театарски сали или до амфитеатарот на покривот.
На покривот следи сличен пат. Покривот паѓа кон средината на објектот каде што се спојува и поврзува создавајчи доплнителен простор за изведби на отворено.
Од амфитеатарот на покривот посетителите ќе можат да уживаат и во погледот кој се простира на Тирана.
За изработка на проектот Bjarke Ingels Group (BIG) соработува со локалната архитектура фирма SON Engineering & Construction, како и група за театарски проекти со седиште во Париз.
Bjarke Ingels Group (BIG) е добитник на повеќе светски награди од областа на архитектурата:
Bоrsen Gazelle, 2015, 2013
Architizer Firm of the Year Award, 2014
French Academy of Architecture Prix Delarue Award, 2011
Crown Prince of Denmark Culture Prize, 2011
The Dreyer Foundation Grant Prize of Honor, 2011
Wall Street Journal Architectural Innovator of the Year Award, 2011
Nykredits Architecture Prize, 2002
Young Architect of the Year 2nd Place Award, 2002
Henning Larsen Foundation Grant, 2001
На таа пара што ја дадовме на кич, светската елита можеше да направи прекрасни објекти и кај нас. Ама тоа е…