Насловна / Вести / Битолчани денеска ќе го блокираат патниот правец за РЕК „Битола“

Битолчани денеска ќе го блокираат патниот правец за РЕК „Битола“

Денеска од 15 до 17 часот, битолчани поради аерозагадувањето ќе го блокираат патниот правец за РЕК „Битола“.  Збирно место ќе биде кружниот тек на Дулие во 14.30 часот.

Иницијаторите на протестот, здружението „За нас се работи“ ги повикаа битолчани да излезат со автомобили, трактори, камиони за да го затворат патот за РЕК. Тие бараат субвенционирање на електричната енергија до спроведувањето на гасификацијата и режим на сообраќај во централното градско подрачје.rek-bitola

„Ако на политичарите им е приоритет политиката, нас приоритет ни е животот. Се најавува гасификација на Битола, кога ќе биде тоа, за 10 години. Што дотогаш? Зарем ќе умираме и понатаму од болести предизвикани од загадениот воздух? Ова е крик на граѓаните, нашите деца и потомци“, изјави Илија Балтовски од „За нас се работи“.

„Барањата на здружението не се упатени до комбинатот, ниту, пак, ние можеме да ги исполниме. Сметаме дека се на погрешна адреса“, вели Јован Колевски од прес-службата на РЕК Битола, каде има 3000 вработени.

Според податоците објавени на интернет-страницата на Министерството за животна средина, минатиот четврток  среднодневните концентрации на суспендирани честички достигна 139 микрограми на метар кубен, иако дозволената граница е до 50. На годишно ниво дозволени се 35 дена со надминувања на концентрациите на МП10 честички, а во Битола иако до крајот на годината има уште еден месец, пречекорувања имало безмалку тројно повеќе, односно 95 дена.

Испрати коментар

Scroll To Top