Насловна / Вести / Битола ќе гради пречистителна станица со средства од ЕУ

Битола ќе гради пречистителна станица со средства од ЕУ

Обезбедени се приближно 29 милиони евра за изградба на пречистителна станица за отпадни води и колекторски систем во Општина Битола, од кои 85 % од ИПА фондовите, а 7,5 милиони евра од Владата на РМ.

„Во пролетниот период треба да се објави јавна набавка за избор на ревизија на проектот, надзор и изведувач, а до крајот на годината да се потпишат договорите за изградба и ќе започнат активностите. Согласно предвидената проектна динамика, Општина Битола до крајот на 2020 година или најдоцна до почетокот на 2021 година, треба да добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината“, соопшти Општината.

Во моментов не постои пречистителна станица за отпадни комунални води во општината. Комуналните отпадни води од домаќинствата се испуштаат директно во реката Драгор, која е екстремно загадена, а минува низ центраот за Битола.

Bitola 2

 

Испрати коментар