Насловна / Архитектура / Битката за повеќе јавни простори по пандемијата

Битката за повеќе јавни простори по пандемијата

Дали COVID-19 пандемијата ќе поттикне промена кон поздрави градови кои се фокусираат на благосостојбата на корисниците или сепак ќе ги акцентира несоодветните урбани практики и социјалната сегрегација во градските ткива?

На многу начини, мерките за изолација и физичко растојание придонесоа кон зголемено препознавање на важноста на јавниот простор како место за собирање и клучен аспект за задоволување на основните потреби на луѓето. Урбаните жители се се повеќе свесни за нужната партиципативност на овој простор во градовите и нивното ремодулирање, во интерес на нивната физичка и психолoшка благосостојба.

3

Парковите станаа суштински

Присилната изолација и социјалното дистанцирање за време на пандемијата ја влошија осаменоста и анксиозноста кај дел од населението. Бројни студии покажуваат дека осаменоста е поврзана со големи здравствени проблеми, вклучувајќи депресија, кардиоваскуларни заболувања и намален животен век.

Во последните децении, индивидуализмот, неолибералните јавни политики и новите технологии веќе придонесоа кон оваа изолација. Онлајн купувањето отиде дотаму што ги лиши корисниците од микро-интеракции кои понекогаш претставуваа единствените секојдневни социјални контакти.

Јавните простори, особено парковите, исто така се покажаа како суштински за социјализација, особено за младите. Пристапот до природата, интегрираните зелени простори и спортските  објекти прераснаа во  појави од витално значење, со индивидуални и колективни придобивки,а пешачењето, во една од неколкуте достапни опции за физичка активност, несомнено овозможувајќи им на многу луѓе,  да избегаат од своите домови и да прибегнат кон свеж воздух и сонце.

Пандемијата ги покажа предностите од трансформирањето на некои примарни сообраќајници  во пешачки патеки, потребата од пошироки тротоари и важноста од формирање на широки линеарни паркови.

Изолацијата пак, ја акцентирање потребата од уредени јавни површини за домашни миленици, чие посвојување драстично се зголеми. Повеќе од само извор на дружење и наклонетост кон луѓето кои страдаат од осаменост, милениците станаа совршен изговор и  можност за социјализација со други сопственици на домашни миленици.

4

Иницијативи низ светот

Градовите ширум светот ја сфатија важноста од максимизирање на достапноста до јавниот простор, особено во текот на забраната за движење, каде се покренаа различни креативни иницијативи за да се направат урбаните простори побезбедни и попривлечни за користење. Новиот здравствен контекст предизвика колективна свест за прекумерниот простор посветен на автомобилот и интересот да се стави овој простор во служба на луѓето и конечно да се реобмисли конфигурирањето на урбаната матрица во корист на автоцентричноста.

Без да сакаат да го елиминираат автомобилот од урбаниот пејзаж, градовите се обидоа да промовираат поправедна поделба на јавниот простор помеѓу различни типови на корисници и начини на мобилност.

Се повеќе се забележува пораст во формирањето на континуирани пешачките улици и улици за заедничка употреба, како и велосипедски коридори. Во Ротердам, автомобилите се забранети од некои големи артерии по 16 часот. Во Оукленд, Калифорнија, улиците се трансформираат во „бавни улици“ – области со мешана употреба каде што автомобилите се толерираат, но повеќе немаат приоритет. Портленд, ги трансформира површинските јавни паркинзи во сиромашните квартови во зелени пазари. Трансформацијата на паркирањето на улица во привремени социјални џебови за кафулиња – вообичаен феномен во Монтреал во изминатата деценија – се намножи низ целиот свет.

Мултипликацијата на пешачките улици низ Монтреал обезбеди загарантиран опстанок на малите бизниси, барови и ресторани, истовремено и на уличната уметност, без разлика дали се работи за музика, театар, танц или мултимедијални проекции, дозволувајќи им на артистите да се промовираат себеси и да заработат. Креативноста во урбаниот дизајн се забележува и во имплементацијата на се повеќе инфраструктурни решенија за движење за лицата со намалена подвижност.

2

Да се искусат градските површини колку што е можно повеќе

Тренд кој особено зема замав со пандемијата е оној на урбаното земјоделство, со забележително оживување на микрозеленчукови градини на балконите и во дворовите. Низ Квебек и остатокот од Канада, се бележи раст на побарувачката за парцели и нивна пренамена во градини. Не станува збор само за задоволување на потребите за храна или експлоатација на почвата, туку потребѕаа од директен контакт со земјата, налик на еден вид на терапија.

Особено значаен фактор засегнат од пандемијата, се наметна и ризикот од трансмисија на вирусот. Побавната стапка на зараза во надворешните простори значи дека е побезбедно да се купува на комерцијална улица и на пазар отколку во херметички затворен трговски центар или голем климатизиран простор.

Објектите со текот на времето, ќе подлежат на процеси на реобмислување за да понудат повеќе природна вентилација и тактилност со контекстот, без разлика дали се индивидуални или колективни. Истото се однесува и на како автобуските стојалишта, тротоари, пешачки премини и места за одмор преку одржливо редизајнирање.

Тенденцијата на привремени пренаменувања на автоцентричните простори, во корист на алтернативните форми на сообраќај може да стане трајна по завршувањето на пандемијата. Веќе има зголемено користење на активниот превоз, што може да има позитивно долгорочно влијание врз градскиот метеж и јавното здравје. Многу градови го преиспитуваат целиот свој систем за урбана мобилност, особено Париз, кој веќе отстрани 72 отсто од паркинг местата на улица за да направи повеќе простор за велосипеди.

Така, пандемијата ќе ги забрза веќе новите трендови кон поздрав, похуман и активен град, создавајќи нови навики кои ќе придонесат кон долготрајни придобивки за јавното здравје, поттикнувајќи проактивно, посамостојно и партиципативно население.

5

Испрати коментар

Scroll To Top