Од мај 2024 година, од фабриката за втомобили Iracemapolis во Бразил, недалеку од Сапо Паоло, на пазарот ќе доаѓаат возилата на кинексиот Great Wall Motor, а не на Mercedes-Benz. Германците ја изградиле оваа фабријка во 2016 година, и таму ги проуизведувале моделите од C-Klasse, и компактниот модел GLA. Но, продажбата била под очекувањата, па фабриката во 2021 е продадена на кинезите. Кинекиот производител на електрични автомобили BYD, кој бележибрз раст, има фабрика во источниот дел на Бразил, но 2000 km подалеку од Сао Паоло. Во јули оваа година, BYD најави инвестиции од 290 милиони долари во фабрика за литиумски катоди во северниот дел на Чиле. Големи планови има и Ford, кој најавува инвестиции од 660 долари за производство на нова генерација на моделот Ranger во Аргентина. Тоа се само неколку вести меѓу бројните најави за инвестиции во автомобилската индустрија во Латинска Америка.
Структурната промена од автомобили со внатрешно согорување кон електрични автомобили, како и се посилната кинеска автомобилска индустрија, која ја препознава Латинска Америка како пазар за експанзија, доведува до трка за инвестирање во регионот. Таков развој оди во прилог на веќе етаблираните производни локации како што се Мексико и Бразил. Тиие имаат повеќедецениско искуство во производството на возила и се во близина на т.н „литиумски триаголник“, на подрачјето на Аргентина, Боливија и Чиле. Имено, се претпоставува дека тука се наоѓаат околу две третини од светските резерви на литиум.