Новиот модерен и урбан лик на скопски Бит-пазар, се очекува да обезбеди подобри услови за граѓаните и пазарџиите.
Изградбата на новиот пазар ќе почне во април годинава, а предвидено е да се постават 1.000 нови тезги и 230 паркинг места.
Старата инфраструктура ќе биде заменета и со нов деловен простор со површина од 600 квадратни метри и мини-плоштад со фонтана.
Од „Скопски пазар“ сметаат дека со ова идејно решение на граѓаните ќе им понудат модерен начин на пазарење, а на корисниците подобри и функционални услови за работа.