Њујoршкото студио M Casterdo Architects го обелодени проектот за хотелот Silver Pearl кој ќе биде изграден за потребите на Светското првенство во фудбал во 2022 година.
Овој луксузен хотел во Доха ќе се гради на вода – на 1,5 километри од брегот. Хотелот е замислен од два полукружни објекти во висина од 30 ката, кои меѓусебно ќе бидат поврзани со климатизиран атриум.
Silver Pearl ќе содржи 1.000 луксузно опремени соби, а во склоп на хотелот ќе бидат вклучени и ресторани, продавници, забавни и конференциски центри.
Пристапот на хотелот ќе биде овозможен по новоизградениот мост, а за оние што ќе сакаат да пристигнат со стил, предвиден е хелиодром и пристаниште за јахти.
Полкукружниот облик на хотелот не е избран случајно. Катар е познат по бисерите што се вадат од морските школки, па така и новиот хотел ќе асоцира на бисер не само по својот облик, туку и со завршната боја на овој редок примерок на природна скапоценост.
Со употреба на LED осветлување, и во ноќните часови ќе се создаде илузија на светликав бисер кој сјае на Арапсокото Море. Изградбата на овој хотел ќе чини 1,6 милијарди долари.