Насловна / Вести / Бирол: Без меѓународна соработка, глобалната енергетска транзиција би можела да биде одложена со децении

Бирол: Без меѓународна соработка, глобалната енергетска транзиција би можела да биде одложена со децении

Новиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (IEA), Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA) и високото тело на ОН за климатски промени  – UN Climate Change High-Level Champions, во центарот на вниманието ја става неопходноста од зајакнување на меѓународната соработка со цел побрзо намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина.

agenda1

„Преку меѓународната соработка, можеме да ја направиме транзицијата поврза, поевтина и полесна за сите – благодарение на иновациите, економијата на обем, поголемите субвенции за вложување и други погодности. Без оваа соработка, преминот на нулта емисии ќе биде многу потежок и би можел да биде одложен со децении“, истакнал по повод извештајот, извршниот директор на IEA Фатих Бирол. Во новиот извештај Breakthrough Agenda Report 2022, се оценува дека меѓународниот „јаз во соработката“ се заканува да го поткопа климатскиот напредок и да ја одложи „нето нулата“ за децении.

agenda2

Меѓународните експерти за оваа година предвиделе намалување на трошоците за производство на електрична енергија за најмалку 55 милијарди долари, врз основа на новите обновливи капацитети инсталирани во текот на 2021 година. Извештајот е своевиден вовед во претстојната конференција на ОН за климатските промени COP27, во Египет. На претходниот самит COP26, 45 земји се обврзаа да ги направат чистите технологии „најдостапна и најпривлечна опција“ во секторите кои емитуваат гасови со ефект на стаклена градина до 2030 година. На COP27 ќе мора да се превземат јасни и конкретни чекори кон колективна акција, се порачува во извештајот.

Испрати коментар

Scroll To Top