Насловна / Вести / Биоразградливи звучни мембрани од морски алги

Биоразградливи звучни мембрани од морски алги

Најголем дел од денешната звучна изолација се добива од петрохемиска пена. Еколошки поприфатлива алтернатива би можела да стигне во облик на мембрани добиени од морски алги.  Иако материјалите на база на растенија веќе се истражени за оваа примена, многу од нив не биле во состојба да го блокираат звукот во поширок опсег на фрекфенции или пак биле премногу гломазни за да се применуваат на комерцијално ниво. Во потрагата по функционална алтернатива, научниците од Индискиот институт за технологија се осврнале на желатинозен материјал добиен од морски алги, познат како агар. Во комбинација со глицерин како пластификатор и нанокристалната целулоза како материјал за зајакнување, агарот е раширен во тенки филмови, кои потоа се суво замрзнати за да се добијат порозни мембрани. Квалитетот на блокирање ан звукот на овие мембрани накнадно е тестиран со поставување на звучник на еден кракј од цевка, додека на другиот крај е поставена мембрана, додека во средината два микрофони. Едниот микрофон ја мерел јачината на звукот емитувана од звучникот, а другиот јачината на звукот рефлектиран од мембраната.

sound1

Утрврдено е дека мембраните со порозност од околу 80% најдобро се однесуваат во широк опсег на фрекфенции, нудејќи перформанси слични како кај традиционалните акустични пени. Сега научниците истражуваат како на овие мембрани да им додадат и други квалитети, како што се отпорност ан пламен, и сл. Резултатите од ова истражување се објавени во списанието ACS Sustainable Chemistry & Engineering.

Испрати коментар

Scroll To Top