Насловна / Арт и дизајн / Биоразградливи детски чевли со рок на траење

Биоразградливи детски чевли со рок на траење

Младата израелска дизајнерка Шахар Асор прави биоразградливи детски чевли од одржливи материјали кои по одредено време и предвиден рок на траење, треба целосно да се распаднат кога ќе се исперат. Како што купуваме намирници со одреден рок на траење, дизајнерката Шахар Асор, со својот истражувачки проект „Best before“, ја разгледува можноста за купување облека на ист начин како што, на пример, купуваме млеко.

cevli

“Несомнено е дека модата влијае врз нас, ни дава самодоверба и со нашиот начин на облекување и личен стил испраќаме одредена порака до светот и луѓето околу нас. Но, сосема е друга ситуацијата кога купуваме облека за бремени жени и деца“, вели Асор. По одредено време, таквата облека се споделува, се преработува и се рециклира, но факт е дека големи количини облека што веќе не ни требаат завршуваат на депонии. Со оглед на тоа што облеката се користи и за ограничено време, се прашував зошто тие остануваат на нашата планета толку долго и дали можеме да ги дизајнираме со предвиден рок на траење? “

Бидејќи на некои ткаенини им требаат од 20 до 200 години да се распаднат, како што е случај со многу синтетички влакна, „Best before“ не само што нуди решение што и овозможува на облеката многу побрзо да се распаѓа, туку сепак им овозможува на потрошувачите да купат нова облека и обувки без да се плашат од нивно натрупување. Ова е особено важи за детската облека, која многу брзо се надраснува.

cevli1

Со воведување на концептот на датуми на истекување во модната индустрија, Best before не води на пат кон одржлива мода. Ткаенината за детски чевли се состои од издржливи материјали кои ќе се стопат во машината за перење после одредено време, и секој чевел е направен од едно парче ткаенина што вклучува флексибилен горен дел и силен ѓон.

Направени во соработка со Одед Шосеј, професор на Одделот за земјоделство, храна и животна средина на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, материјалите од ова ткаенина не оставаат штетни материи во животната средина по распаѓањето. Родителите на тој начин можат да ги купат за своите деца без страв од тоа што еден ден ќе направат со сите оние чевли што кратко време ги носат нивните деца.

Испрати коментар

Scroll To Top