Насловна / Екологија / Биоразградлив материјал поцврст од челик?

Биоразградлив материјал поцврст од челик?

KTH_Rektorshus_01
Група научници кои работат на KTH Royal Institute of Technology од Стокхолм, тврдат дека откриле начин како да направат целулозни влакна кои се поцврсти и од челик, гледано од аспект на односот помеѓу цврстината и тежината. Она што е револуционерно во нивниот пронајдок е тоа што новиот тип на влакна може да се искористи како материјал кој е биоразградлив и кој би бил замена за многу материјали со слични својства како што се фибергласот, пластиката и некои метали. Најинтересноте е што за добивање на овој нов материјал, се потребни само вода, целулоза (од дрво) и мало количество на сол.

Техниката на добивање на овој материјал се заснова на целулозни влакна кои се составен дел на дрвото. Секое едно вакво влакно е составено од 40 милиони помали влакна. Структурата од овие минијатурни влакна, научниците успеале најпрво да ја одвојат, а потоа и да ја реструктуираат во нишки со многу поцврста карактеристика за разлика од оригиналните влакна. Досегашните истражувања со ваква слична техника на структурирање на целулозните влакна не е нешто што претставува новитет, меѓутоа уникатната структура што овие научници успеале да ја создадат претставува значителен напредок за овој тип на истражување.

Испрати коментар

Scroll To Top