Насловна / Вести / Биопринтерите ги менуваат животите на луѓето

Биопринтерите ги менуваат животите на луѓето

Технологијата на примена на биопринтерите забележува секојдневен напредок, што придонсува за подобар квалитет на животот на милиони пациенти ширум светот. Денес постојат биопринтери кои можат да генерираат нова кожа за жртвите на пожари, агресивни хемикалии или друга причина која бара трансплантација на кожа. Со целиот процес управува софтвер кој ја анализира сликата од раната, а потоа прецизно нанесува потребен слој од био материјал на критичното место. Притоа, научниците во облста на биоинжинерингот и регехеративната медицина можат да излорираат матични клетки на пациентите од разни извори: коскена срцевина, папочна врвка, масно поткожно ткиво и сл.

3d bio1

3d bio3

Ваквите состојби им даваат надеж на пациентите кои чекаат на трансплантација на органи, верувајќи дека оваа технологија во скоро време ќе напредне до фазата на целосна реподукција на органи. Но, по ова прашање иднината се чини прилично неизвесна. Имено, не е сигурно дали биопринтањето ќе може да овозможи генерирање на органи за трансплантација, а одговорот ќе се знае веројатно за најмалку неколку децении. Она што е сигурно, е дека технологијата на биопринтери многу брзо ќе овозможи производство на прилагодени лекови, персонализирани третмани и сериозно ќе ги намали потребите за тестирање врз животни.

3d bio4

 

Испрати коментар

Scroll To Top