„Биогасот и биометанот може да покријат околу 20% од светските потреби за гас, и истовремено да ја намалат емисијата на стакленички гасови“, се вели во новиот извештај Outlook for Biogas and Biomethane кој е објавен од страна на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Имено, модерните општества и економии генерираат се поголеми количини на биоотпад (земјоделски остатоци, животински отпад и сл.) кој може да се користи за производство на биогас и биометан. „Биогасот и биометанот може да имаат важна улога во одржливата енергетска иднина, но во моментот ги пропуштаме приликите кои придонесуваат за намалување на количините на отпад и емисии“ вели извршниот директор на IEA, Fatih Birol. „Владините интервенции може да и го дадат потребниот импулс на оваа технологија, од која бенефит може да имаат енергетскиот сектор, сообраќајот, земјоделството и животната средина“ додал тој.
Според IEA, секој дел од светот може значително да придонесе во производството на биогас и биометан. Најголеми можности има азиско-паифичкиот регион, каде потрошувачката на природен гас нагло расте во последните години. Исто така, значајни можности постојат и во Северна и Јужна Америка, Европа и Африка.