Насловна / Вести / Биоотпад – градежен материјал на новото време

Биоотпад – градежен материјал на новото време

Грижата за животната средина и користењето на материјали кои не и штетат на природата би требало да бидат императив. Но, реалноста е сосема поинаква. Се произведуваат многу производи од материјали кои не се подобни за рециклирање и се генерира отпад кој се заканува на целата планета Земја. Отпад има се повеќе, па многу проекти се осмислени од идејата истиот да се искористи како ресурс. Меѓутоа, овде мора да се направи разлика бидејќи мора да се користи само отпадот кој не е „проблематичен“. Во оваа категорија спаѓа и биоотпадот.

Биоотпадот е тема на многу стартап компании. Примери доаѓаа од целиот свет. Компаниите Ottan Studio и Biohm прават одржливи градежни производи користејќи токму биоотпад. Ottan Studio со седиште во Истанбул е основано од страна на Ayşe Yılmaz која го преработува биоотпадот во нови материјали за производи од областа на ентериерот и индустрискиот дизајн. Се иазработуваат мебел и украсни предмети од состојки кои повеќето производители ги занемаруваат. И пред отворањето на компанијата таа се занимавала со неконвенционалните материјали и создавала предмети од рециклирана кора од мандарини, лисја, дрвја и сл.

ottan1

ottan2

Компанијата Biohm се занимава со развој на градежни материјали на база на биомаса и градежни системи по принципите на циркуларната економија. Основана е од страна на  Ehab Sayed кој претходно спровел детално истражување на Универзитетот Брунел во Лондон,  за тековите на отпад во Велика Британија. Се фокусирал на градежната индустрија. открил дека причините за настанување на отпадот не биле нужно финансиски или технолошки, туку перцептивни. Станува збор за стекнатите навики во врска со користењето на ресурсите.

biohm1

biohm2

biohm3

И двете компании се иновативни и работат на создавање на еколошки решенија во форма на нови, регенеративни градежни производи. Еден од нив е производот Triagomy на компанијат Biohm . Станува збор за био-композитен панел составен од еколошки безопасни состојки кои лесно можат да се рециклираат. Направен е на био основа со цел да се овозможи негова широка примена, но ја нема структурната цврстина на материјалите како што се бетонот и челикот. Водејќи с еод начинот на кој се спојуваат атомите на јаглеродот, компонентите на овој систем овозможуваат рамномерно распоредување на оптоварувањето. Користењето на ваквите панели овозможува 120% помало негативно влијание врз животната средина во споредба со бетонот. Исто така, овие панели можат да се демонтираат, со што се намалува отпадот. Покрај овој материјал, компанијата нуди и панел направен од влакна од печурки.

Но, ваквите компании се соочуваат со низа предизвици. Едно од ограничувањата е дека отпадот мора да се користи пред да пропадне. Материјалот мора да биде испорачан свеж, а влагата мора да биде во целост отстранета пред понатамошната обработка. Времето е клучно. Според тоа, неопходно е да се соработува со компаниите кои имаат доток на потребните материјали. Споменатите две компании имаат за цел да направат повеќе од демонстрација на ефикасно управување со отпадот. Нивната крајна цел е долг животен циклус на производите, без да се уништуваат природните добра и со минимална потрошувачка на енергија во процесот на преработка на суровините.

 

Испрати коментар

Scroll To Top