Насловна / Вести / BioNTech ја купува компанијата за вештачка интелигенција InstaDeep

BioNTech ја купува компанијата за вештачка интелигенција InstaDeep

Германскиот фармацевстки гигант BioNTech објави дека ја купува лондонската фирма за вештачка интелигенција InstaDeep. BioNTech во соопштението навел дека ќе го купи InstaDeep за 362 милиони фунти (410 милиони евра), со дополнителни идни исплати базирани на перформансите во висина од 200 милиони фунти (226 милиони евра).  Договорот ќе биде склучен до крајот нa неделава.

biontech1

Во соопштението се истакнува дека овој чекор ќе му помогне на BioNTech да ги зголеми капацитетите во развојот на лекови со помош на ваштачката интелигенција и развојот на имунотерапии и вакцини од следната генерација. Со оваа трансакција речиси 240 висококвалификувани професионалци ќе станат дел од тимот на BioNTech. Во ноември 2020 година, двете компании за прв пат соработуваа на развој на лекови со помош на вештачка интелигенција.

biontech2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top