Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Биоклиматска градинка изградена од земја и кал

Биоклиматска градинка изградена од земја и кал

Aknaibich-Preschool-by-BC-architects-3
Архитектите од бироата Mamoth Collective и BC Architects, неодамна ја завршија градинката од кал во едно село во Мароко. Проектот е завршен по шест месеци и проектиран е за локални материјали и пасивни принципи на градење, со цел да се задржат умерените температури во текот на целата година.

Иако овој предучилишен објект наизглед се чини дека има привремен карактер, сепак се работи за структура отпорна на земјотреси, изградена со користење на традиционални техники и локални занаетчии. Проектот настанал со поддршка на програмата United Carbon Action, односно фондацијата GoodPlanet, иницијатива која работи со локалните заедници на минимизирање на нивните емисии на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина и на изградба на биоклиматски училишта. Следејќи ги принципите на пасивната градба, архитектите ја застаклиле северната фасада и позиционирале дебел ѕид со мали прозорци на јаужната страна.93721b1a-acb9-44c1-ab97-a323f7ab5d9b

Испрати коментар

Scroll To Top