Во индустриската зона „Иванидол 2“ во Кичево, вчера почна изградбата на фабрика за производство на биогас, инвестиција на кичевчанец на привремена работа во Швајцарија. Капацитетот на фабриката е производство на околу 3.000 кубни метри биогас на ден, а нејзината вредност е над еден милион евра. На свечениот чин на поставување на камен-темелникот беше присутен и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.