Насловна / Архитектура / БИНА – популаризација на архитектурата на сите нивоа

БИНА – популаризација на архитектурата на сите нивоа

bina ispred2

Во траење од речиси цел месец (од 7 до 30 мај), фестивалот под името Белграска интернационална недела на архитектура (БИНА) ја презентираше архитектурата на голем број луѓе, како на стручната јавност така и на оние што досега немале многу средби со неа. Пред сè, фестивалот се состои од различни културно-образовни целини кои ги сочинуваат изложби, предавања, работилници, прошетки и овогодишната дводневна конференција под назив „Граѓаните и градење град“.

arhitektura i prostor u galeriji rts (1) arhitektura i prostor u galeriji rts (2)

Оваа година, БИНА има тринаесет изложби кои ја опфаќаат изложбата за цела деценија постоење на фестивалот, како ретроспектива на достигнувањата на оваа манифестација; изложбата „Поглед од прозорец“, која го опфаќа процесот на градење на новобелградскиот блок 61 низ четириесет фотографии во текот на 35 години, каде е прикажана промената што ја претрпи тој дел на градот во текот на тој период.

bina 3

Посетителите можат да ги видат и наградените реализирани архитектонски објекти, како и конкурсните проекти кои засега се само „архитектура на хартија“, макетата на пешачката зона во Нови Сад, делата на мебел на студентите од три факултети, архитектурата на Ниш; архитектурата на земјите како Полска, Чешка, Унгарија, Хрватска, Србија и Австрија, во рамки на изложбата „Подигнувајќи ја завесата. Централноевропски архитектонски мрежи“.

bina 1

За дел од јавноста што повеќе ја интересира стручната страна на настанот, тука се предавањата за развојот на архитектурата во Белград во текот на првата половина од ХХ век; каква е судбината на конкурсите и кои тенденции се присутни. Посебно интересно беше предавањето за многу актуелната тема во Белград, „Загрозено наследство“ за состојбата на модерната архитектура со осврт на комплексот згради на Генералштабот и комплексот Старо сајмиште. На предавањето „Белград – модерен град“, учесниците ги изнесоа своите размислувања и предлози, што би требало да се направи во Белград за унапредување на урбанизмот и сликата на градот.

tadionica konstruktor (2)

Работилница „Конструктор“

tadionica konstruktor (1) tadionica konstruktor (3) tadionica konstruktor (4)

Како и секоја година, и оваа јубилејна десетта, организирани се голем број работилници кои, главно, се наменети за децата заради запознавање со архитектурата низ прашања, што е тоа архитектура, што работи архитектот? Работилницата „Конструктор“ им овозможува на децата, на возраст од 10-14 години, да решаваат различни проблеми на просторни структури, да ја увидат врската и логиката на настанување тридимензионална композиција низ користење голем број расклопливи елементи за создавање заедничка макета.setnja kosancicev venac, savska varos i mali pijac (3) setnja kosancicev venac, savska varos i mali pijac (2)

Прошетка по Косанчиќев венец, Савска Варош и Мали Пијац

Во рамки на работилницата „Градителки на Белград“, исто така за деца на возраст од 10-14 години, учесниците ги истражуваат архитектонските и просторните елементи, архитектонските стилови и јавните простори низ креативни задачи. Тие имаат можност да се запознаат со историјата на Белград, со значењето на архитектурата и урбанизмот во развојот на градот, и со авторските дела на жените во нашата архитектура.

Покрај работилниците за најмлади, тука се и настаните за студенти, како што е работилницата „Фурништај“, каде студенти од четири факултети го користат природното дрво како материјал, и низ истражување и анализи го реализираат прототипот на мебел.

predavanja (2) predavanja (7) predavanja (8) predavanja (4) predavanja (5)

Предавања

Во рамки на јубилејниот настан БИНА, одржана е и меѓународна конференција „Граѓаните и градење град“, каде се поттикнува соработката на планерите, архитектите, граѓаните и градските управи во проекти за подобрување на урбаното опкружување. Конференцијата не е само академска дебата за различни методи на партиципација на граѓаните и типови на соработка во изградба на градот, туку и да ја објасни улогата на експертите и граѓаните во борба за остварување услови за праведен и одржлив урбан развој.

На оваа тема на конференцијата говореа главно гостите од странство: Ангелика Фиц, Томас Дилингер, Лидија Виса, Елке Красни и Андреас Румбфубер од Виена, Хуан Антонио Чакон Грахера, Мауро Хил-Фурниер од Мадрид, Мирјана Милановиќ, Зеф Хемел од Амстердам, Енгелберт Литке Далдруп,  Матијас Бетгер од Берлин, Ана Џокиќ и Марк Нелсен од Ротердам, Константин Петку и Дојана Петреску од Париз и Миодраг Митрашиновиќ од Њујорк.

maketa pesacke zone novog sada u prostoru kula nebojsa (3)

Макета на пешачката зона во просторот на кулите

maketa pesacke zone novog sada u prostoru kula nebojsa (2) maketa pesacke zone novog sada u prostoru kula nebojsa (4) maketa pesacke zone novog sada u prostoru kula nebojsa (1)

Најинтересниот дел од целиот настан се стручно водените прошетки, кога се посетуваат различни интересни и значајни локалитети во Белград. „Плоштади и паркови на Белград“, „Улица Крал Петар – сведок на историјата на градот“, „Жените во архитектурата помеѓу 1900 и 1960 година“, „Нов Белград, од план до стварност“, „Савскиот брег и она што ги спојува“, „Косанќиќев венец, савска варош и мал пазар“, „Палата на Сојузниот извршен совет во Нов Белград – Палата Србија“, „Прошетка 3 х 3, белграски конкурси за јавни комплекси, поводи, процеси и резултати“, „Парк на пријателство во Нов Белград“, „Преобразба на Белград: По патиштата на Емилијан Јосимовиќ“, „Стан со лента“, „Низ алеите на Нови гробишта“ и прошетката „Радио Белград“.5107011856_1330b5d070_o

Зградата на Сојузниот извршен совет на Белград (СИВ)

Најинтересна прошетка, секако, е посетата на Палата Србија, која освен во текот на настанот БИНА и манифестацијата „Ноќ на музеите“, е затворена за јавност. Тоа е причината што слободните места за оваа прошетка се пополнети многу брзо после објавувањето на програмата. Причината зошто некогашната палата на Сојузниот извршен совет, позната како Палата СИВ, не е отворна за јавност во текот на годината е факт дека Белград сè уште нема порепрезентативно здание, па така и денес странските делегации, претседатели на држави, како и меѓународни настани како претседавањето на ОБСЕ, го сочинуваат секојдневието на ова величествено здание.

centralna sala1

Централната сала на СИВ

hol na spratu

Една од салите во објектот

Втората причина е безбедноста, секој ден стотици луѓе доаѓаат во канцеларискиот дел на Палата СИВ, каде се сместени службите на различни министерства и државни канцеларии. Заради тоа, БИНА е една од ретките можности кога граѓаните можат да го посетат свечениот дел од овој огромен објект. Палата СИВ се наоѓа во центарот на Нов Белград, на огромен, некогаш избришан простор, опкружена со парк.

Според замислата на тогашните власти, идната зграда СИВ требало да претставува урбан репер за централната оска на Нов Белград, дел од градот во кој би се наоѓале управните згради на бивша Југославија. Врз основа на тоа, во 1947 година е распишан конкурс на кој победиле архитекти од Загреб, Владимир Поточњак, Антон Урлих, Златко Нојман и Драгица Перак. Тој архитектонски тим добил право да работи на изведба на зградата, здание кое се базира на модерната архитектура, со канцеларии, голем анекс на самиот влез и централна фонтана. Поради конфликт помеѓу Југославија и СССР, прекината е изграбата на овој објект и долги години скелетната конструкција стоела во рамнината на неизградениот Нов Белград.ulaz siv

Влезот во СИВ

stepenice

Во 1954 година, градбата повторно почнува, но, поради смртта на главниот архитект Поточњак, проектот го презема групата „Стадион“ од Белград која ја предводел Михаило Јанковиќ. Тој го изменил проектот, додал одредени обликувани елементи, го променил внатрешното уредување на анексот отворајќи го кон надворешноста, и по првпат во Југославија архитектонски тим работи она што ќе биде наречено „тотал-дизајн“, проектирање на целокупниот објект до најситните детали.

Објектот бил отворен за Конгресот на Неврзаните земји во септември 1961 година, за потоа повторно да биде затворен поради дополнителни работи, и конечно да биде отворен во 1962 година како Палата на Сојузниот извршен совет. Најголемата вредност на објектот, покрај својот монолитен модернистички израз кој и денес доминира во тој дел на Нов Белград, е во архитектурата на ентериерот што ја отсликува „сложеноста на политичките, културните и општествените односи на овие простори“ со многубројни дела од ликовната и применета уметност, кои го сочинуваат интегралниот дел на зданието, и му дава на овој објект карактер на еден вид галерија на југословенската уметност.kupola2

Купола

Пред објектот се наоѓа голема фонтана која во времето на својата изградба претставувала инженерско достигнување бидејќи била прва фонтана која имала неколку програми за проток на вода, осветлување и музика. Тоа беше првата светлосно-музичка фонтана во Југославија. Во самиот централен дел на објектот, во анексот, се наоѓа огромен хол од кој водат скали до централната сала со карактеристична купола низ која доаѓа дневна светлина, што е единствен извор на дневна светлина. Околу централната сала се наоѓаат националните салони. Секоја од републиките на бивша Југославија имала свој салон каде биле претставени битни уметнички дела од тие републики.

Објектот на СИВ пред неколку години е делумно обновен, ентериерот го задржал својот оригинален изглед, заменети се само одредени елементи од оригиналниот проект. Она што, за жал, не е решено, е фасадата на ова здание, посебно канцеларискиот дел каде се додадени клима уреди кои денес ја расипуваат единставноста на фасадниот израз, бидејќи не е направен централен климатизиран систем. На некој начин и овој податок, кој говори за реконструкција на многу значајно здание во Белград, ја отсликува „сложеноста на политичките, културните и општествените односи“ на денешницата.

kupola

Еден од начините за подобро разбирање на значењето на архитектурата и постоечките објекти, како што е Палата СИВ но и многу други кои се наоѓаат во слична состојба, првенствено поради недостаток на свест за значењето а помалку поради недостаток на средства, претставуваат и настаните како БИНА, каде архитектурата се популаризира на сите нивоа. Веќе полна деценија.

Можеби еден ден, некогашниот придружник на работилниците од овогодишниот фестивал, ќе биде токму некој што има моќ на одлучување, да разбере колку е битно архитектонскиот израз на зградата каде е одржан Конгресот на Неврзаните земји, да не го расипуваат произволно поставените клима уреди. Тоа ќе биде правиот успех на БИНА и најдобар доказ за нејзиното присуство во овој град.

Испрати коментар

Scroll To Top