Intempo е само еден во низата облакодери во Бенидорм во Шпанија. Поради панорамата исполнета со бетонските џинови, овој град често го нарекуваат и Њујорк на Медитеранот. После повеќегодишно градење, конечно ова лето облакодерот Intempo е целосно завршен. Станува збор за неверојатна зграда која се издига на височина од 198 метри. Официјално е највисоката зграда во тој туристички град, но и највисоката станбена зграда во Европската унија.
Intempo се состои од два паралелни облакодери од 47 ката, кои се меѓусебно поврзани. На располагање се 256 станови, со тоа што оние најлуксузните од 300 квадратни метри се изградени на 45-тиот кат и се продадени по цена од над 2 милиони евра. Сите станови имаат поглед на море, а нејефтините во моментот се продаваат по цена од 317.000 евра. Облакодерот опфаќа и 13.000 метри квадратни заеднички простории, кои вклучуваат и два големи базени. Кога градбата се гледа фронтално, потсетува на бројот 11 и буквата М. Многумина веруваат дека тоа е своевиден потсетник на терористичките напади кои се случија на 11-ти март 2004 година во Мадрид.
Изградбата на облакодерот започнала во 2006 година, а требало да биде довршена три години подоцна. Но, тоа не се случило поради големата економска криза од 2008 година. Недовршената зграда во 2018 година ја превзема инвестициската компанија SVP Global, која минатото лето конечно ја довршува изградбата, после цели 15 години.