Zaha Hadid Architects ги објави сликите од својот најнов проект, скулптурален билбор наречен по својата локација во Kensington во Лондон. Овој проект кој настанал во соработка меѓу покојната Заха Хадит и Патрик Шумахер, претставува прв „влез“ на компанијата во сферата на огласувањето.
Проектиран за рекламниот гигант JCDecaux, билбордот се состои од дигитален екран вграден во свиткана двојна „лента“. Екранот е запрепастувачки, широк е 26 метри и висок шест метри, а закривен е така што овозможува подобра видливост од улица.
Пешаците кои поминуваат позади билбордот го доживуваат како дел на јавна уметност. Осветлен е на начин што овозможува да биде осветлена и околината, односно патеката по која се движи.
„Оваа испреплетена „лента“ има двојна улога. Присутна е како скулптура, но и како промотивен медиум и ги изразува динамичноста на движењето на пешаците и возилата кои се сретнуваат на ова важна лондонска раскрсница“, објаснува Мелоди Ланг, соработничка во ZHA. „Лентата од нерѓосувачки челик се витка и го опкружува екранот, создавајќи различни силуети во зависност од местото на набљудување“.