Насловна / Арт и дизајн / Билборди како засолништа за бездомници

Билборди како засолништа за бездомници

bilbord domovi

Оваа компактна, триаголна куќа е всушност еден билборд, чијашто изградба може да се финансира од продажба на рекламен простор на нејзините ѕидови.

Бездомништвото е глобален и многу сложен проблем, а во изнаоѓање решенија се вклучила и словачка фирма Design Develop која понудила проект наречен Gregory, чија суштина лежи во фактот да се направи алтернативно домување кое истовремено ќе биде и outdoor билборд.bilbord domovi (2)

Билбордите се скапи за поставување, одржување и изнајмување, а проектот Gregory би ги оптимизирал трошоците на оваа структура за да добие функција на станбен простор.bilbord domovi (3)

Со цел да се вклопи во постоечката инфраструктура, димензиите на овој „станбен билборд“ се стандардни. Објектот е со триаголна основа и во него се влегува преку челични скали. Ентериерот е поделен на два дела: првиот е составен од ходник, кујна со мал работен дел и од кревет online casino кој е позициониран над просторот за складирање. Во вториот дел е бања со мијалник и туш кабина.bilbord domovi (4)

Структурата е направена од дрвена конструкција, додека темелите се бетонски. Ентериерот е направен од импрегнирани OSB плочи а скалите се од челик.bilbord domovi (5)

Пилот проектот е инсталиран во Банска Бистрица и ако се покаже како успешен, неговата имплементација ќе се прошири на цела Словачка.

Проектот Gregory е непрофитна платформа која е целосно отворена за јавноста.bilbord domovi (6)

Испрати коментар

Scroll To Top