Насловна / Вести / Бил Гејтс: За 18 месеци четботовите ќе ги учат децата да читаат

Бил Гејтс: За 18 месеци четботовите ќе ги учат децата да читаат

„Вештачката интелигенција ќе биде добар учител и ќе може да се натпреварува со луѓето на тоа поле“, рече милијардерот  Бил Гејтс за време на својот говорот на ASU+GSV Summit во Сан Диего.

Четботовите напредуваа со огромна брзина во изминатите месеци, па дури и можат да се натпреваруваат со луѓето во одредени области. Брзиот напредок предизвика бурни реакции, од возбуда од можностите на новата технологија до страв од негативни последици.

Основачот на „Мајкрософт“ е импресиониран од новата технологија.

б2

„Четботовите денес се исклучително добри во читање и пишување и оваа способност ќе им овозможи да им помогнат на учениците да ги научат или да ги унапредат своите вештини. На почеток ќе се изненадиме колку можат да ни помогнат во читањето како асистенти, но и да дадат совети како да го подобриме пишувањето“, вели Гејтс.

Меѓутоа, како што вели, сè уште е тешко да се научат четботовите да го проценуваат квалитетот и да даваат совети, бидејќи професорите кога тоа го прават треба да разгледаат голем број елементи, како структура, јасност и други особини.

б1

Тоа бара висок когнитивен процес, кој е тешко да се рекреира во код.

Многу експерти, сепак, сметаат дека технологијата за четботови сè уште не е усовршена и дека можат да направат големи грешки или да шират дезинформации.

„Ако погледнете за 18 месеци, вештачката интелигенција ќе стане асистент на наставниците и професорите“, додаде Гејтс.

Испрати коментар

Scroll To Top