Во првата половина на септември, Босна и Херцеговина свечено го одбележа започнувањето на работите на изведба на новата хидроцентрала ХЕ „Врандук“, која е прва нова хидроцентрала во системот на ЈП„Електропривреда БиХ д.д“ во повоениот период, односно по 1995 година. Изведувач е joint venture компанија која ја сочинуваат STRABAG AG од Австрија и KONČAR од Хрватска.
Договорот според системот „клуч на рака“ кој на 8ми јануари 2016 е потпишан во Сараево, опфаќа изработка на проектна документација, производство, испорака и монтажа на опремата, изведба на градежни работи, тестирање и пуштање во погон. Хидроцентралата има инсталирана моќност од 19,6 MW и ќе произведува 100 GWh електрична енергија годишно. Лоцирана е на реката Босна во близина на Зеница, а вкупната вредност на инвестицијата е проценета на 63 милиони евра.
Проектот се финансира со средства од ЈП„Електропривреда БиХ“, од кои значителен дел се кредити од Европската Инвестицика банка (EIB), и Европската банка за обнова и развој (EBRD).