Насловна / Вести / БиХ со дигитализација ги забрзува инвестициите во енергетскиот сектор

БиХ со дигитализација ги забрзува инвестициите во енергетскиот сектор

Инвеститорите во енергетскиот сектор во Босна и Херцеговина (БиХ), добија дигитален водич во вид на онлајн апликација, со цел полесна реализација на своите проекти. Оваа апликација на инвеститорите им поставува низа прашања за нивниот планиран проект, како што се локацијата, инсталираната моќност и сл., и врз основа на дадените одговори пружа информации важни за реализација на проектот.

usaid1

На тој начин инвеститорите добиваат прилагоден водич за нивниот конкретен проект, кој содржи листа на потребните дозволи, согласности и други документи кои мора да се обезбедат, листа на надлежните институции кои истите ги издаваат, временските рокови, како и други корисни информации. Апликацијата претставува надградба на постоечкиот Водич за инвеститори објавен во 2018 година во печатено издание, и содржи сумирани информации за над 140 релевантни прописи на сите нивоа на власт во БиХ. Дигиталниот водич е подготвен во соработка со сите надлежни министерства за енергија/енергетика во БиХ, но и други надлежни органи. Дигиталниот водич е достапен на www.vodic.usaidepa.ba. Апликацијата е подготвена во склоп на Проектот за асистенција во енергетскиот сектор (USAID EPA) кој го спроведува USAID.

usaid2

 

Испрати коментар

Scroll To Top