Насловна / Вести / БиХ: Секторска стратегија за долгорочна енергетска обнова на згради до 2050 година

БиХ: Секторска стратегија за долгорочна енергетска обнова на згради до 2050 година

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, донесе одлука за изработка на Секторска стратегија за долгорочна обнова на зградите во БиХ до 050 година. Станува збор за стратешки документ кој се базира на трошковно ефикасен пристап во реконструкцијата на зградите. Оваа стратегија треба да обезбеди долгорочна рамка за реконструкција на фондот згради до многу високо ниво на енергетска ефикасност преку ангажирање на градежната индустрија и финансиските институции, со што ќе се придонесе во намалувањето на трошоците на зградите во приватна и јавна сопственост, намалување на емисиите на CO2, нискојаглероден стопански развој и сигурно снабдување со енергија.

zgradi_obnova1

Во текот на изработката на оваа стратегија, Владата на БиХ ќе обезбеди усогласеност со релевантните национални стратешки документи, како и со документите кои произлегуваат од процесот на европските интеграции односно меѓународно прифатените глобални цели за одржлив развој. Носител на изработката на оваа стратегија е Федералното министерствон за просторно уредување, а останатите учесници се релевантните надлежни институции на ниво на Федерацијата БиХ, кантоните и единиците на локалната самоуправа. Рокот за изработка на стратегијата е 12 месеци од донесувањето на владината одлука.

obnova_zgradi2

obnova_zgradi3

Испрати коментар

Scroll To Top