Најновите информации кои ги објави Светската здравстевна организација, велат дека Босна и Херцеговина и Македонија се најзагадените земји во Европа. Дополнително, поразителен и фактот што генерално земјите од регионот предничат по однос на загадувањето во однос на другите европски земји. Податоците с е однесуваат за 2014 година.
Притоа, БиХ, Бугарија и Албанија се земји со највисока стапка на морталитет предизвикан од загадувањето. БиХ, Македонија, Бугарија, Полска и Црна Гора имаат највисока концентрација на цврсти честички (PM2,5), додека најниска стапка на овие честички е забележана во Шведска, Финска, Исланд, Естонија и Норвешка.