Насловна / Вести / БиХ ќе се гради еко зона вредна три милијарди евра!

БиХ ќе се гради еко зона вредна три милијарди евра!

 

eko zona koricani-vlasic
На пролет идната година во БиХ треба да почне изградбата на „Еко зона Коричани – Влашиќ“, проект вреден три милијарди евра. Зоната ќе се простира на површина од 20 квадратни километри на која ќе бидат сместени едукациски, здравствени и спортско-рекреативни центри.Во моментов се работи на проектно-техничката документација.

Мoментно во проектот се вклучени 30 учесници-компании од земјата и од странство, меѓу кои 12 големи европски универзитети, агенции, Сименс од Загреб и општини и кантони. Еден од потписниците на договорот е и Гете универзитетот од Франкфурт и нивното одделение за земјоделски и рурален развој кое ќе работи на производство на здрава храна во БиХ и на нејзин пласман на европскиот пазар.

На проектот работи екипа архитекти на кои екологијата им е на преден план. Засега се извршени испитувања на подземните води и е утврдено дека има доволно вода за потребите на центарот. Раководството на Центарот тврди дека сите проекти се еколошки прифатклливи, економски оправдани и исплатливи.

Eko zona koricani vlasic

Во рамките на „Еко зоната“ ќе се изгради аеродром, терен за голф, лукзузни вили, клиника за рехабилитација, аква парк, едукациски центар, мултиплекс згради со апартмани и деловни канцеларии.

Директната и индиректната полза од реализацијата на овој проект  е голема. Планирани се 50.000 работни места, а уште два пати повеќе во секундарните и терцијарниоте дејности. Планирана е и изградба на два стадиона, затворен и отворен, терени,базен и се други што е потребно за подготовка на врвни туристи.

Испрати коментар

Scroll To Top