Насловна / Вести / БиХ ќе ја докажува штетноста од изградбата на одлагалиштето за нуклеарен отпад во Трговска гора

БиХ ќе ја докажува штетноста од изградбата на одлагалиштето за нуклеарен отпад во Трговска гора

Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ му предочил на амбасадорот на Хрватска во БиХ, дека изградбата на одлагалиштето за нуклеарен отпад на Трговска гора, што е во непосредна блиина на границата помеѓу двете земји, е неприфатлива бидејќи го загрозува здравјето на околу 250 000 жители во 13 општини во сливот на реката Уна, со негативно влијание врз животната средина. Тој истакнал и дека согласно заклучоците на релевантните институции во БиХ, ќе се работи на докажување на штетноста од изградбата на овој Центар.

Фондот за финансирање на разградувањето и згрижувањето на радиоактивниот отпад и истрошеното нуклеарно гориво од НЕ Кршко, го презеде поранешното воено складиште во близина на границата со БиХ, со цел да го претвори во Центар за одлагање на радиоактивен отпад.

nukl1

nukl2

nukl3

Испрати коментар

Scroll To Top