Насловна / Вести / БиХ и Хрватска светски лидери за квалитетна вода

БиХ и Хрватска светски лидери за квалитетна вода

Reka una
Со исклучок на спортот и културното наследство, според малку нешта земјите од овој регион можат да се вбројат во самиот европски или светски врв. Едно од тие нешта е водата, т.н. сино злато кое до крајот на овој век ќе го преземе стратешкото значење какво што денес го има нафтата.
Иако не се големи по површина и број на жители, Хрватска, Словенија, а посебно Босна и Херцеговина, според обновливите извори и резерви на питка вода се на самиот врв.
Voda
Сето тоа, секако, сметајќи по глава на жител, бидејќи ни Босна и Херцеговина ни Хрватска нема да го спаси жедниот свет, но се меѓу малубројните, природно повластени земји кои долгорочно не треба да се загрижени поради недостиг на питка вода.
Суштината на целиот проблем со водата на глобално ниво е, меѓу другото, и во спротивставените ставови за тоа дали водата треба да се третира како јавно добро или како комерцијална стока. Со Резолуцијата на ООН од 2010 година, правото на водата е прогласено за човеково право. Тоа значи дека секој човек има право на неа во доволна количина и според прифатлива цена. Но, околу 900 милиони луѓе во светот сè уште немаат пристап до чиста питка вода.

Испрати коментар

Scroll To Top