Црна Гора и Босна и Херцеговина, ќе градат мост на реката Тара и приклучни гранични делници, заради подобрување на сообраќајната поврзаност помеѓу двете земји. Спогодбата за изградба на мостот на Тара ја потпишаа министерот за комуникации и транспорт во Советот на министри на БиХ, Војин Митровиќ и министерот за капитални инвестиции на Црна Гора, Младен Бојаниќ, на маргините на четвртиот состанок на Министерскиот совет на Транспортната заедница. Проценетата вредност на инвестицијата е околу 2,5 милиони евра, при што секоја страна ќе учествува со по 50%.