Најголемиот трговец со електрична енергија во регионот, Вук Хамовиќ, планира изградба ан огромна оларна електрана која ќе се простира на површина од 133 хектари во близината на Билеќа. Инсталираната моќност планирана е на 60MW. Владата на Република Српска, на барање на неговата компанија EFT International Investments Holding Limited, на седницата одржана на 16ти јануари годинава, донела Одлука за започнување на постапка за доделување на концесија.
Во Република Српска, Хамовиќ има две компании кои годишно имаат обрт од неколку стотици милиони евра преку бизнисот со електрична енергија. Едната компанија е рудникот и термоцентралата „Станари“ кај Добој, а другиот субјект е „ЕФТ Билеќа“ кој од меѓународната трговија со електрична енергија само во 2018 година инкасирал околу 47 милиони евра.