Насловна / Вести / БиХ ги укинува субвенциите за малите хидроцентрали

БиХ ги укинува субвенциите за малите хидроцентрали

Од 1-ви јануари 2021 година, владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина нема да ги продолжува договорите за субвенционирање на малите хидроцентрали, а веќе предвидените средства за таа намена ќе се пренасочат кон субвенционирање на други обновливи извори на енергија. Покрај оваа новина, во тек се и измени на Правилникот за постројки кои можат да бидат изградени и пуштени во погон само доколку поседуваат еколока дозвола, со та што Министерството за животна средина и туризам ќе ја превземе обврската за издавање на ваквите дозволи за капацитети поголеми од 150 kW.

Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, работи на измени на Правилникот за еколошки прифатлив проток, со кој ќе се прецизира начинот на мерење на дозволениот проток во кој може да работи една мала хидроцентрала. Имено, целта е протокот да се мери во реално време и далечински да се отчитува во надлежните агенции за води, со цел тие да можат да реагираат во случај на непочитување на принципот на еколошки прифатлив минимален проток.

mh1

mh2

Испрати коментар

Scroll To Top