Наградите BIG SEE Awards се воспоставени како регионални награди на кои учествуваат 21 држава, за систематско истражување и промовирање на креативниот и на бизнис-потенцијалот на Југоисточна Европа. Со амбиција за поврзување на креативноста надвор од регионалните граници, тие ги надминаа регионалните рамки и станаа меѓународни. Денес наградите BIG SEE придонесуваат за промоција на единствени и оригинални креативни достигнувања во архитектура, ентериер, дизајн од дрво, туризам, производи и моден дизајн на глобално ниво.
Змаго Новак е основач и директор на Zavod Big, Центар за креативна економија и е главниот двигател на платформата Big Southeast European platform (BIG SEE).
Неговата мисија е да ги забележи како што самиот вели во интервју за Порта 3, да ги разбуди и меѓусебно поврзе креативните и економските потенцијали на регионот на Југоисточна Европа за да се соочи со глобалните предизвици.
Минатата година за прв пат добитник на Гран при беше проектантско биро од Скопје. Бирото „Стокуќа“ доби BigSEE Interior Design Award 2022 – Grand Prix за проектот канцелариски простор за Пивара Скопје.
Оваа година девет учесници од Македонија добија награди за своите проекти.
Доделувањето на наградите и на наградите Гран при се оддржа во адаптирана индустриска хала во Љубљана на 19. мај.
Наградените девет проекти од Македонија во различни категории:
Едукативни објекти – Градинка во Волково/Прима Инженеринг; (добитник и на Големата годишна награда 2021 на ААМ)
Резиденцијални куќи – Фотевски/Arhi Grup Plan A – Petroski architects;
Резиденцијални куќи – AE House / B2A Design;
Резиденцијални куќи – Вила за современо домување, Велешко Езеро/ Архитектура нова (добитник и на Големата годишна награда 2022 на ААМ)
Ентериер (домување) – Seguence apartmernt/ BINA ;
Ентериер (домување) – RB Aparment / milimetric;
Ентериер – (работен простор) QIH London / Parallel Group Architects;
Ентериер (hospitality) – Soho Coffee Shop / GVRL;
Ентериер (hospitality) – Реконструкција Идадија 3 / Ninovski architects