Престижната меѓународна награда Grand Prix BIG SEE 2021 – архитектура, неодамна беше доделена на дури две о реализации од Хрватска: Бетонски куќи во населбата под Велебит, Луково Шугарје на бирото Проарх, архитект Давор Матековиќ и плоштадот Пољана во Шибеник, кој е дело на тимот: Ивана Тутек, Паула Шиметин, Ива Дубовечак и Извор Симоновиќ Мајцан со соработниците.
На натпреварот BIG SEE Award учествуваат проекти од 21 земја од Југоисточна Европа, во шест категории.
BigSEE Architecture Award 2021 – Grand Prix, победник, плоштадот Пољана, Хрватска – пејзаж и урбан простор
Плоштадот Пољана е проектиран како континуирана тродимензионална урбана платформа која опфаќа различни општествени настани и посредува помеѓу историските и модерните урбани артефакти. Предложената стратегија е од отворен тип, воспоставува дијалог во неопределеното поле на современиот град и со зачувување на постоечкиот идентитет, ја насочува идната употреба кон нови сценарија во дискретна трансформација. Површината на плоштадот суперпонира две мрежи, класична решетка /кон театарот/ и флексибилно квадратно поле од точки /насочено со логиката на зградата на библиотеката и историските бедеми/ со просторни акценти во аглите кои ги внесуваат околните карактеристики во просторот.
Површината се активира со насоки на движење препознаени во секојдневниот живот и историјата – и на местата за средби покрај нив. Во областите што се вкрстуваат во мрежата, просторните набори формираат продолжени, подигнати површини на крововите на павилјоните. Настрешницата, пловечки динамичен артефакт, ја поврзува и ја дефинира просторната граница на плоштадот, создавајќи дијалог и континуитет на формите во новото време.
Што го прави овој проект единствен?
Новиот главен плоштад во Шибеник со археолошки парк и гаража/логистички центар под него е осмислен е како интегрирано урбано, социјално и инфраструктурно поле, кое остава отворен дијалог помеѓу средновековниот, модерниот и современиот град, создавајќи голема заедница на неверојатен потенцијал што го држи небото горе. Просторните набори сочинуваат места за дружење: отворени трибини и сцени, мост, настрешница и фонтана. Урбаните линии создаваат напнатост и динамика на платформата, додека камените мрежи со инфраструктурни кутии овозможуваат флексибилна организација на теренот.
BigSEE Architecture Award 2021 – Grand Prix, победник – Бетонски куќи Луково Поле – домување
Бетонските куќи се минималистички архитектонски гест на јадранскиот брег и меѓузоната на планината Велебит. Куќите се изложени на суровите временски услови, карактеристични за областа. Тие се замислени како станбена единица од три индивидуални куќи, обликувани во искривени бетонски коцки.
Проектот се заснова на идејата за традиционална крајбрежна куќа, компактна основа, строга диференцијација на просторот вертикално. Секој кат има своја функција – спален дел, дневна престој, кујна, двор/тераса со базен. Секоја поединечна коцка е конзолно поставена на приватен надворешен простор. Јасниот, минималистички карактер на просторот го диктира формата на куќите, која се материјализира во натур бетон, грубите текстури добиени со помош на фина оплата, третирајќи ги ѕидот и покривот подеднакво.
Естетиката на објектите се заснова на целосно одземање на вишокот – конструкцијата е и фасада, структурата на основниот материјал е отпечаток на процесот на градба. Сивиот бетон останува видлив како модерна асоцијација на сивиот камен во околината и сивилото на голотијата на островот Паг во далечината.